Мицкоски: Потребни се предвремени избори

- Власта тврди дека ќе оди до крајот со својот мандат, но ние цениме дека е добро да има предвремени избори, исто како што цени огромно мнозинство од граѓаните во Македонија, од кои што ние го црпиме нашиот легитимитет. И ако гледаме како народна партија дека народот е против оваа влада, а сите перформанси велат дека владата е катастрофална, па дури и поддржувачите на СДСМ и ДУИ велат дека владата е катастрофална и дека треба да замине, тогаш логично е да сториме се што е во наша моќ, да ги искористиме сите демократски алатки кој што ги имаме на располагање, да дојдеме до предвремени парламентарни избори - изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор Христијан Мицкоски во интервјуто за МРТ 2.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во интервјуто се осврна на неколку актуелни политички прашања, поврзани со односите помеѓу политичките субјекти во Македонија, состојбите и политичките текови.

25.09.2022 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега