Мицкоски на Фејсбук: Тешко на Македонија ако решението се „тандемот лепливи прсти Заев и Бучковски“

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил реагира на најновата одлука на Владата за да го именува поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

Тој вели дека Бучковски предлагал заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, додека пак актуелниот премиер Зоран Заев во скорешното интервју ги направил ослободители.

„Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите. Луѓето со “лепливи прсти”, едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија“, истакнува Мицкоски.

Тој посочува дека „овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање“.

„Тешко на Македонија ако решението се “тандемот лепливи прсти” Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот“, додава Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега