Мицкоски: Македонија е трета во светот по бројот на починати од Ковид 19 на 100.000 жители

Македонија трета во светот по бројот на починати од Ковид 19 на 100.000 жители. Вака ли избегнавме италијанско сценарио како што се фалат Заев и Филипче? Македонија се најде на врвот по смртност од КОВИД-19 на 100.000 жители во период од седум дена. Речиси двојно полоши од Бразил која е топ тема во светските медиуми за смртните случаи и четири пати полоши од Србија и Европската Унија, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицксоки.

„Тоа го потврди и реномираниот „Financial Times“ чија анализа за стапката на смртност во последниве седум дена, Македонија има 2 смртни случаи на 100.000 жители, додека Србија има 0.55, а земјите од Европската Унија 0,5.

Вашата неспособност чини животи, едноставно колку побрзо си одите, толку повеќе животи ќе се спасат.“, напиша Мицксоки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега