Мицкоски: Каде се парите од новото задолжување кои требаа да се искористат за здравствената криза

 
 
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил  вели дека буџетот за 2021 нѐ враќа една година назад и праша каде се парите од новото задолжување кои требаа да се искористат за поддршка и борба со здравствената криза.
 
„Буџетот за 2021 година се сведува на расфрлање на пари за непродуктивни цели, а ваквиот начин на проектирање нè враќа години наназад. Задолжувањата остануваат на терет на идните генерации, кои ќе треба да ги враќаат парите со кои Зоран Заев се расфрла.
 
Да не заборавиме дека Гордана Димитриеска-Кочоска потпиша една милијарда евра пари за нови задолжувања кои требаше да се искористат за поддршка и борба со здравствената криза. Вистината е, за жал, дека ни 0,5% од тие пари не завршија во здравството! Каде се?“ напиша Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега