Меѓу жртвите во Израел има голем број странци, бројот на киднапирани не е познат

 

Најмалку 900 луѓе загинаа во нападите на Хамас врз Израел, меѓу кои и голем број странци. Многу земји потврдија дека меѓу убиените и ранетите има и нивни граѓани, а сега е објавен список кој покажува дека Хамас убивал безмилосно, не грижејќи се кои се нивните жртви.

Меѓу убиените има девет американски државјани, Канада објави дека еден нејзин државјанин е убиен, а двајца биле киднапирани. Велика Британија соопшти дека најмалку десет нејзини државјани биле убиени или киднапирани.

Франција официјално ја потврди смртта на еден нејзин државјанин и изјави дека се уште не се знае точниот број на исчезнати.

Тајланд има пријавено 12 жртви, додека не се знае каде се 11 нејзини државјани.

Непал загуби десет свои луѓе во нападите, додека Германија сè уште нема официјални податоци за жртви и киднапирани. Русија потврди една жртва, како и Камбоџа.

Кина сè уште нема официјални податоци, додека Бразил објави дека тројца негови државјани се повредени.

Парагвај изјави дека двајца нивни граѓани се убиени, а се уште го немаат точниот број на исчезнати.

Украина изброи две жртви, додека Мексико се’ уште не знае што се случило со двајца нивни киднапирани граѓани.

Податоците покажуваат дека меѓу жртвите има и еден државјанин на Ирска, како и двајца државјани на Танзанија.

10.10.2023 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега