Маж ја нападнал својата сопруга и се обидел сексуално да ја злоставува нејзината малолетна сестра
Синоќа околу 22 часот, полицијата го приведе 23-годишниот тетовец С.Д., кој претходно бил пријавен од неговата 19-годишна сопруга дека физички ја нападнал и дека минатиот месец се обидел да изврши полов напад врз нејзината малолетна сестра.
С.Д. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му бидат изготвени законски предвидените поднесоци.
24.11.2023 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа