Малолетник претепан пред училиште, со тешки повреди пренесен во болница

 


Вчера во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолтеник од с.Чифлик, скопско.

По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

30.05.2024 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега