Македонските спасувачи извлекоа жива жена од урнатините во Турција
Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека тимовите во Турција успеале да извлечат 38-годишна жена под урнатините.
„Извлечена преживеана 38 годишна жена од тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување“, се наведува во нивната објава.
Вчера, македонските војници успешно спасија дете од урнатините во градот Кахранманмараш.
10.02.2023 - 21:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа