Лукаревска: Ме чуди тоа што оние кои збореа се и сешто против ВМРО-ДПМНЕ, сега отидоа во коалиција со нив

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 порача дека ја чуди тоа што оние кои збореле се и сешто против ВМРО-ДПМНЕ, сега отишле во коалиција со нив.

„СДСМ навистина има одлична коалиција во моментов. Нашите партнери остануваат во рамки на коалицијата со СДСМ како и многу други вонпарламентарни политички партии се дел од коалицијата. Потпишавме договори, меморандуми за соработка и со нови политички партии, но со сите останати кои не се дел, односно не прифатија да бидат дел од нашата коалиција, разговаравме пред било како чекор да преземат. Ние им ја поставивме нашата рамка, нашата стратегија, нашиот план, на секој наш коалициноне партнер, и врз основа на тоа ги носеа одлуките. Наша заложба како партија е и понатаму да имаме конзистентни политики на  сето она кое го сработивме и го ветувавме и го остарувавме. Европскиот пат е она кое што ќе не одбележи пвоторно во наредниот период, храбри мерки во сите услови на функционирање. Дел од нив не се препознале во овие постулати, ме зачудува моментот дел од политичките партии се вратија назад на страната на ВМРО-ДПМНЕ, иако претходно зборуваа се и сешто против нив“, вели Лукаревска.

28.03.2024 - 22:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега