"Лежеше на земја целата зашеметена и плачеше" - Откриено каков хорор минала Дуња

 

Двегодишната Дуња Марковиќ, која вчера исчезна во Уб, е пронајдена во тешка состојба со премрзнатини. Дејан Шевковиќ, припадник на Планинарската спасувачка служба, кој ја пронашол Дуња, деталите од потрагата ги споделил за „Блиц“.

- „Дуња имаше многу смрзнатини. Беше во тешка состојба, но за среќа стигнавме на време и се надеваме дека ќе биде добро. Беше сама, на нива покрај мал поток, лежеше во природа“, вели тој.

Додава дека ова е навистина далеку и многу е мала веројатноста дека детето би дошло вака далеку, но не е исклучено дека би можело да дојде толку далеку.

- Беше зашеметена и плачеше, рекол тој за Блиц.

Српски Телеграф пишува дека куче за спасување на планинската служба утрово ја пронашло двегодишната Дуња Марковиќ.

Девојчето исчезна во текот на вчерашниот ден околу 14 часот, пред зградата во која живее во градот Уб во западна Србија, на улица 8. Март бр.6.

Дуња има кафена коса, кафени очи и е висока околу 100 сантиметри, кога исчезнала носела сива тренерка и дуксер.

04.03.2025 - 09:18

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега