Лила Филиповска: Пролетаа три години, веќе ништо не е важно
" И ништо не е повеќе важно… ни која си, ни што си, ни каква си , ни од каде си , ни зошто си !? Се дур си здрава и жива !!!". Ова на својот Инстаграм профил го напиша македонската водителка Лила Филиповска.
- Три години пролетаа а со нив и една друга Лила на која до тогаш и беше важно сѐ ова горе наведеново . Наместо да се објаснувам и правдам денес оставам другите да се во право а јас да бидам среќна. Зошто само среќен човек е здрав човек. Затоа и доаѓаат вакви искушенија. Шамар на реалноста. Лекција ! И знаете што… се дури не ја научиме истата лекција ќе ни се повторува. Не ме прашувајте како знам . Затоа уживајте во секој момент не пропуштајте да ги гушнете саканите, патувајте , опкружете се со позитивни луѓе и правете го она што ве прави среќни. Судбината секогаш го има последниот збор".
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа