Левица: СДС во неполни четири години има потрошено над 18 милиони денари за реклами на Фејсбук


Според јавно достапните информации на Meta Ad Library Report пробугарската СДС во неполни четири години има потрошено над 18 милиони денари за свое политичко рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук, велат од Левица.

„Имено, СДС од директни извори, односно од официјалните профили на октроираниот премиер Димитар Ковачевски, официјалниот профил на СДС на „нашата земја“, официјалните профили на екс премиерот Зоран Заев како и на вице-премиерот Фатмир Битиќи додека народот живее на работ на сиромаштија имаат потрошено над 13 милиони денари за реклами на Фејсбук.

Додека пак, порталите кои важат за многу блиски на СДС, односно порталите: CIVIL MK, Frontline.мк, Трн.мк, Рацин.мк, Centar.mk и Градска.мк имаат потрошено над 5 милиони денари во неполни четири години за меко рекламирање на СДСова пропаганда.

Политичките партии кампањата за наредните избори ја започнуваат дента по завршувањето на изборите, а ваквото окупирање на интернет просторот од страна на СДС единствено има за цел да се задржи политичкото статус кво преку оневозможување на помалите политички партии, кои немаат толкави финансиски средства да бидат видени.

Ја потсетуваме јавноста дека Левица принципиелно се залага за обезбедување порамноправни услови за учество на изборите и на помалите политички партии, преку ограничување на моќта на парите во изборната кампања – правична распределба на средствата за политички маркетинг и еднаква можност за промоција во медиумскиот простор“, стои во соопштението на Левица.

27.03.2024 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега