Кумановчанец демнел девојка - Гостиварчанец и се заканувал на бившата
Кумановчанец и гостиварчанец вознемирувале жени во два одделни случаи, поради што биле приведени од страна на македонската полиција.
Триесет и едногодишен кумановец бил приведен по пријава дека следел и вознемирувал 27-годишна девојка.
– На 09.04.2025 во 12.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(31) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 27 – годишна девојка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
исто така, вчера во 18.00 часот на улица „Момир Андоноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Џ.М.(23), постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 18-годишна девојка дека подолг период агресивно се однесувал кон неа и ѝ се заканувал.
Двајцата се задржани во притвор. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа