Кралот Чарлс ќе ја надмине мајка си по богатството

 

 

Британскиот крал Чарлс Трети, кој ќе биде крунисан на 6 мај, има големо богатство, а на тоа богатство се придодадени и неговите инвестиции во времето кога беше принц, пренесуваат медиумите во регионот.

Чарлс Трети ќе го наследи богатството на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, проценето на 360 милиони фунти (406 милиони евра) по неговото крунисување.

Како што пренесуваат британските медиуми, вкупното богатство на британскиот крал ќе изнесува 600 милиони фунти (678 милиони евра).

Чарлс може да смета на ресурсите на Војводството Корнвол, од кои има корист од доаѓањето на неговата мајка на тронот во 1952 година.

Ова наследство е основано во 14 век, за да му се даде финансиска независност на кралскиот наследник. Чарлс, како принц, не можел да ги поседува средствата на тој фонд, но ги добива неговите профити додека не се искачи на тронот.

Како и 260 фарми, Војводството поседува 52.450 хектари земја и изнајмува 345 милиони фунти комерцијален имот.

Тестаментот на кралицата не е јавен, што е специфично и за суверенот.

Сепак, замокот Балморал, каде што летува кралското семејство, и замокот Сандрингем се меѓу имотите што Чарлс ги наследил, за разлика од Бакингем или Виндзор, историските домови на кралското семејство, кои припаѓаат на државата.

Друг историски симбол на британската монархија, накит на круната, исто така се во сопственост на нацијата и затоа се исклучени од проценката на кралското богатство, бидејќи само тие претставуваат неколку милијарди фунти.

Како што пренесуваат медиумите, доколку во богатството се вклучат и државните придобивки, како и вредноста на уметничките слики, меѓу кои има и платна на големи мајстори на сликарството, богатството на Чарлс би изнесувало 1,8 милијарди фунти (две милијарди евра).

01.05.2023 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега