Конечно фотографирана „Најтажната принцеза“: Се прашуваа што е со неа, сега ја анализираат (ФОТО)

Шарлин, принцезата од Монако, медиумите ја нарекоа „најтажната жена на светот“ на денот на нејзината венчавка, а после долго време папараците конечно ја фотографираа.

Принцезата од Монако е „фатена“ на пистата на аеродромот во Ница, додека го шетала кучето откако се симнала од приватниот авион по враќањето од Јужна Африка, каде останала девет месеци.

Таа била облечена во кремаст долг фустан, над кој носеше долг црн капут. На себе имала и длабоки црни чизми, како и црна заштитна маска на лицето. Последен пат таа беше фотографирана како русокоса, а сега има потемна и пократка коса од тогаш.

Принцезата Шарлин и овој пат делуваше тажно судејќи по фотографиите, а црната комбинација направи да изгледа уште помрачно и потажно. Бидејќи долго време не е фотографирана во јавност, многумина се запрашаа што се случува со „најтажната жена на светот“.

„Дефинитивно најтажната жена на светот“, „Што се случува со неа?“, „И под маската изгледа несреќно“, „Мислевме дека ја нема“, „Смени фризура“, „И на кучето му е непријатно, мило што е добро“, се дел од коментарите.

Нејзината тага често се шпекулираше во медиумите, а според многумина причина за тоа е неверството на нејзиниот сопруг. Шарлин неодамна во јавноста се појави со избричена половина од главата што некои медиуми го протолкуваа како бунт против нејзиниот сопруг Алберт.

Прекарот „најтажната жена на светот“ го добила по нејзината свадба на која цело време плачела. Многумина не веруваа дека се работи за солзи радосници.

09.11.2021 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега