Комунална хигиена му одговори на Ѓорѓиевски: Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите

 

Јавното претпријатие Комунална хигиена му одговори на градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Оттаму обвинуваат дека блокадата на Јавното претпријатие е организирана токму од „политичката банда на која припаѓа Ѓорѓиевски.

-Овојпат се преигравте, блокадата на КХС е организирана токму од политичката банда на која припаѓа градоначалникот Ѓорѓиевски, за што има и докази, а процедурата за давање откази на криминалците е целосно испочитувана. Во отсуство на поелоквентен израз на комичната прес-конференција на градоначалникот на општина Кисела Вода, сакаме да го информираме – иако не сме сигурни дали ќе успее да разбере – дека со две камиончиња од по 800 килограми носивост, на ниту еден начин не помогнал во справувањето со кризата која ја предизвикаа токму тој и неговите партиски пријатели за што имаме и докази. Срамота е да си градоначалник, а да немаш основно познавање на функционирањето на институциите, велат од ЈП КХС.

Според претпријатието, за два дена градските служби собрале над 1.000 тони отпад.

-Имено, за два дена во Скопје се собрани 1.130 тони отпад кој беше наталожен поради дводневната блокада на КХС, која имаше за цел да изврши притисок врз раководството на претпријатието за задржување на семејни кланови кои одработуваат за интересите на политичката банда на која овој градоначалник припаѓа, се вели во реакцијата од Комунална Хигиена.

12.07.2023 - 18:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега