Ќе се стави крај на дивеењето - Камери "ќе ловат" вандали во парковите низ Скопје

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција во сите нејзини појавни облици.

- „Од страна на МВР ќе ја разгледаме и можноста во рамки на системот ,,Безбеден град”, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите и други места каде се забележува нарушување на јавниот ред и мир.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.

17.02.2025 - 10:07

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега