Критиката на Трамп за Зеленски била испровоцирана: „Некој го советува многу погрешно“

 

Официјален претставник на Белата куќа рече дека објавата на Трамп во која тој жестоко го критикуваше Володимир Зеленски, е директен одговор на изјавата на украинскиот претседател кој претходно рече дека Трамп живее во „простор на дезинформации“.

Трамп потоа го нарече Зеленски диктатор и му порача дека лошо ја завршил работата. Во објавата на Трамп се додава и дека е подобро Зеленски да побрза или ќе нема земја со која ќе може да претседава.

На изјавата на Зеленски дека Трамп живее во простор на дезинформации создаден од Русија, се осврна и американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс.

„Идејата дека Зеленски ќе го предомисли претседателот со лоши критики во јавноста е ужасен начин да се справите со оваа администрација, секој што го познава претседателот ќе ви каже дека тоа е така“, изјави Венс за „Дејли Мејл“.

„Очигледно го сакаме украинскиот народ“, рече Венс, додавајќи: „Се восхитуваме на храброста на војниците, но очигледно мислиме дека војната треба брзо да заврши“.

„Тоа е политика на претседателот на Соединетите Американски Држави. Таа не се заснова на руски дезинформации. Таа се заснова на фактот дека Доналд Трамп знае многу за геополитиката, има многу силни мислења и ги има тие мислења многу долго време“.

Венс додаде дека верува оти Зеленски добива многу лоши совети за тоа како да се справи со администрацијата на Трамп.

19.02.2025 - 21:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега