„Веќе не го почитувам“: Лазаров конечно проговори за Боки во искрено интервју
Jутјуберот Стефан Лазаров е гостин во новиот поткаст на телевизија Сител.
Од видеото кое денеска е објавено како најава за интервјуто може да се слушне дека Лазаров повеќе не е во добри односи со поранешниот шоумен и бизнисмен Бојан Јовановски со кој лани организираше голем „гивавеј“ кој пред неполни два месеца неславно заврши.
Лазаров вели дека го почитувал Јовановски до пред месец и пол, но сега веќе не.
На прашањето на новинарот зошто е тоа така и дали смета дека е изигран, Лазаров одговара:
„Ќе одберам во овој момент да не зброрувам на таа тема затоа што чувствувам тага, чувствувам емоција. Кога чувствуваш емоција не можеш да кажеш се’ онака.. можеби на нешто ќе ставиш плус, на нешто ќе одземеш, ама веќе не го почитувам. Не соработуваме повеќе, соработката заврши“, вели Лазаров.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа