Средба на Милошоски со претставници на Транспортната заедница
Потпретседателот на Собранието и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски денеска оствари средба со Матеј Закоњшек, директор на Меѓународната организација - Транспортна заедница, како и со заменик-директорката Љуба Силјаноска.
На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, директорот Закоњшек ја истакнал основната цел на Транспортната заедница — интегрирање на земјите од Западен Балкан во заедничкиот транспортен пазар на Европската Унија. За таа цел, како што нагласил, од суштинско значење е спроведувањето на неопходни реформи и целосното усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ, што е од голема корист и за државата и за граѓаните, особено во контекст на слободното движење на стоки и услуги.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа