Каракачанов: Кога правиш компормис со политичарите во Северна Македонија тие се незаинтересирани

Во синоќешното интервју на БНТ, вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, повторно ја коментираше и темата Република Северна Македонија.

Според него, тоа е стратешка тема за Бугарија.

„Бидејќи, како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но и најтрагичниот, - би додал, дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Република Северна Македонија и никакви избори не се причината, нагласи тој.

Вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Република Северна Македонија мислеа дека потпишуваат договор, но можеби нема да го исполнат.

-Таму и до денес, и покрај сите перипетии во текот на годините, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морална и историска посветеност кон овие луѓе, коментира Каракачанов.

Тој појасни дека владата на Заев најмногу бара компромис.

-Но, кога правиш компромис со политичарите во Република Северна Македонија, тие тоа го доживуваат не како блаороден гест, туку како слабост и незаинтересираност. Не сакаме да се откажат од својот идентитет. Сакаме нешто многу едноставно: да бидат толку добри во создавањето на нивниот идентитет кога веќе има услови за тоа, рече Каракачанов во интервјуто на БНТ.

Тој беше категоричен дека Бугарија не ја затворила вратата, но, како што нагласи Македонијада ги прилагоди своите политики, политичарите да го преиспитаат она што го прават, а дебатите и преговорите меѓу двете страни продолжуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега