Какво време не очекува наредните денови?


Времето утре облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа пообилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот, соопштија од УХМР.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во текот на следните денови ќе се одржува променливо облачно време и малку посвежо. Во среда времето ќе биде променливо облачно со локален дожд, а во четврток повторно ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни со пороен карактер и проследени со ретки грмежи.

04.03.2024 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега