Кадиров: Американските тенкови се детски колички во споредба со советскиот борбен тенк

Американските тенкови „Абрамс“ се детски колички на педали во споредба со модернизираниот советски борбен тенк „Т-72“, ​​рече чеченскиот лидер Рамазан Кадиров.

„Ова е вистинска моќ! Надоградениот советски тенк ‘Т-72’. Усовршен и подобрен.  Има дури и камера за возење рикверц, за да не случајно згмечите некого, или обратно, да згмечи ако има потреба. Ја надминува странската опрема по борбена моќ, контрола, заштита и лесно користење. Кај него секој напад е како риболов на јахта – задоволство“, напиша Кадиров на Телеграм.

Тој додаде дека тенкот „Т-72“ е спектакуларен, препознатлив и има застрашувачки изглед.

Западните политичари постојано зборуваат за тоа како Украина мора да ја победи Русија на бојното поле и се повеќе му доставуваат оружје на Киев. Кремљ пак,  одговори дека „воената помош нема суштински да реши ништо, туку само ќе ги продолжи конфликтите и страдањата на украинскиот народ“.

16.05.2023 - 21:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега