Јавниот обвинител ќе се жали до судот оти нема притвор за лицата кои упаднаа во М-НАВ

Јавниот обвинител ќе се жали на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворицата упаѓачи во просториите на М-НАВ.

„Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело - Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост“, се наведува во соопштението на ЈОРСМ испратено до медиумите.

За потсетување, кривичниот суд не го прифати барањето за притвор за четворицата уапсени кои упаднаа и нападнаа контролор во контролната кула во М-НАВ.

Меѓутоа, судот им издаде мерки на претпазливост, па осомничените добија забрана за напушање на живеалиштето, ќе мора да се јавуваат во судот на определено време, а одземени им се и пасошите.

 

06.01.2024 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега