Јанушев: Обновата носи 4 милијарди евра за домашни и странски инвестиции

Проектите ќе се остварат со многу работа, со многу труд, со чесен и искрен пристап. Она што ние го ветуваме во програмата е нешто што граѓаните знаат дека ќе го исполниме, бидејќи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети некои проекти секогаш тие ги исполнува. Така да сметам дека се она што е ставено во проектот Обнова на Македонија е реално и остварливо, вели генералниот секретар и носител на листа на изборна единица 3 во гостување во емисијата „И што сега“ на Македонската телевизија.

Јанушев вети голем број на проекти за граѓаните истакнувајќи дека во четиригодишниот мандат се обврзуваат да ја зголемат платат за 25 проценти, покачување на пензиите за 20 проценти, намалување на невработеноста под 10 проценти и 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции.

Зголемување на платите во просек од 25 проценти или некаде од прилика по 6.500 денари за секој граѓанин повисока плата, зголемување на пензиите во четиригодишниот мандат за 20 проценти или тоа е некаде по 3000 денари за секој пензионер повеќе.

Една од огромните обврски кои што ги преземаме пред граѓаните е да ја намалиме невработеноста под 10 проценти. Се обврзуваме на 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за време од четиригодишниот мандат, рече Јанушев.

Јанушев нагласи дека проектот Обнова за Македонија ќе донесе зголемување на животниот стандард на граѓаните. 

Буквално има проекти за сите, од гасификација, до два ипол пати зголемување на платата на наставниците и професорите. Во секое поле ќе се работи за зголемување на животниот стандард и овозможување на што е можно подобар живот за граѓаните, вели Јанушев.

Тој нагласи дека повеќе никој нема дилема дека за многу кратко ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Република Македонија.

Никој нема повеќе дилема во државата дека за многу кратко од сега ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи новата влада во Република Македонија, кажа Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега