Измамена жена од Македонија: И ветиле работа во Германија, па им платила над 200 евра

 

На 20.11.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од лице, кое се претставило како посредник за работа во странство.

Според пријавеното, тие стапиле во контакт преку социјалната мрежа Фејсбук и ѝ ветило дека ќе пронајде работа за нејзиниот син во Сојузна Република Германија. Како што е пријавено, во периодот од 12.10.2023 до 10.11.2023 на лицето, на различни банкарски сметки, му уплатила вкупно 13.516 денари за обезбедување на потребните документи, соопшти полицијата.

Откако лицето ѝ побарало дополнителни 3.000 денари за обезбедување нови документи, таа сфатила дека е измамена и ја прекинала комуникацијата со него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

21.11.2023 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега