Испитувањата покажаа: Безбедна ли е за пиење водата во Скопје?
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат резултатите од направените физичко-хемиски и микробиолошки испитувања од 51 мерни места во градот.
– Секторот за санитарна контрола во периодот од 10 до 14 февруари 2025 година зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
17.02.2025 - 10:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа