Исмет Гури го нема во куќен притвор – се бара со потерница

 

Поранешниот заменик директор на Управата за јавни приходи кој е осомничен за голема даночна измама, полицијата не го нашла дома, иако му е одреден куќен притвор, објави „Фокус“ повикувајќи се на извори од Јавното обвинителство и од Кривичниот суд.

Како што пишува порталот, попладнево полицајци кои вршеле контрола на адресата на која ја пријавил Гури како место на живеење, не го нашле таму.

Кривичниот суд распишал централна потерница. Засега нема информации колку време Гури не бил дома.

Во јули тој беше осомничен и уапсен во акцијата на  МВР и Обвинителството, со која 15 лица се сомничат за даночно затајување и злосторничко здружување.

Прво беше во затворски притвор, а потоа му беше одреден куќен притвор поради здравствени проблеми.

Гури е од Чаир и првостепено е осуден за уништување изборен материјал на локалните избори во 2013 година.

Кога беше уапсен веќе беше разрешен од директорската функција во УЈП и беше близок со групата која се оддели од ДУИ, а потоа и формираше партија на чело со Изет Меџити.

05.01.2024 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега