Интернационални манекенки од светските модни писти пристигнуваат во „Тиквеш“

 

Атрактивниот светски модел Гошиа Гузовска заедно со две интернационални манекенки ќе ја промовираат најголемата македонска винарница „Тиквеш“ на домашниот и светските пазари. Во уникатниот амбиент на винскиот подрум на винарската визба „Тиквеш“ беше организирана ексклузивна фото-сесија со овие модели од светските модни писти.

Полската убавица Гошиа Гузовска има светска манекенска кариера и настапува за големи модни брендови како Victoria Secret, Dolce & Gabbana, Givenchy, 303 Avenue и други. Гошиа, која од Fashion Post во 2017 година беше најавена како „бомбата од Полска“, според упатените модни сајтови вреди над пет милиони евра.

Покрај светската манекенска кариера, Гошиа е меѓу топ-инфлуенсерките во Полска со најголем број следбеници на Инстаграм. Таа е и сопственик на дизајнерската линија на златен накит @luawarsaw.

Фотографиите од сесијата во „Тиквеш“ со вечната тема „спојот на виното и убавината“ ќе бидат користени за промотивните потреби на винарницата на интернационалните пазари, но и потенцијално и за едиторијали во светските модни изданија. 

Оваа активност е дел од континуираната стратегија на „Тиквеш“ за промоција на врвните вина на винарницата како и за поголемо брендирање на Македонија како земја од каде потекнуваат и се произведуваат прекрасни, автентични и возбудливи вина.

27.01.2023 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега