Инаугурација на Доналд Трамп: Новиот американски претседател пристигнува во Капитол, наскоро ќе положи заклетва

 

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја презема функцијата по втор пат, осум години по првиот пат. Трамп на денешната инаугурација официјално ќе положи заклетва и ќе стане 47-ми претседател на САД.

Уставот на САД предвидува мандатот на секој нов претседател да започне на 20 јануари точно напладне, по локално време во Вашингтон (18 часот по средноевропско време).

Инаку, Трамп од моментот кога победи, најавува поинаква Америка. Тој има око на Гренланд, Панамскиот канал, тврди дека тој е одговорен за прекинот на огнот во Газа и дека за еден ден ќе стави крај на војната во Украина.

На инаугурацијата, покрај Џо Бајден, присутни ќе бидат и сите поранешни живи претседатели на САД – Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон, додека од поранешните први дами нема да присуствува само Мишел Обама. Како почесни гости, Трамп покани неколку технолошки милијардери, кои ќе седнат на сцената заедно со други познати личности и идни министри.

 
20.01.2025 - 17:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега