Илон Маск објави збунувачка порака откако инфлуенсерката откри дека има дете со него

 

Откако инфлуенсерката Ешли Ст. Клер ја шокираше јавноста со објавата дека го родила детето на Илон Маск пред пет месеци, милијардерот одговори на социјалните мрежи објавувајќи збунувачка порака која привлече внимание.

Маск напиша: „Бескрајно сум забавен од бескрајното понижување што го поднесувам на платформата што ја поседувам“.

Ешли претходно во својата изјава откри дека нема намера јавно да открие дека е мајка на детето на Маск, но дека знаела дека медиумите ќе го пренесат тоа, дури и да не го стори тоа.

„Не сакав да ги откријам овие информации за да ја заштитам приватноста и безбедноста на нашето дете, но стана јасно дека медиумите ќе ја објават веста, без разлика на последиците“, изјави 26-годишниот Ст. Клер.

Таа додаде дека сака да му дозволи на нејзиното дете да расте во безбедно и нормално опкружување и побара од медиумите да ја почитуваат приватноста на нејзиното дете и да престанат со инвазивното известување.

Ешли го повика Маск, како што рече, „да го затвори договорот“ во врска со старателството. Иако се обидела да стапи во контакт со него, Маск не возвраќал на нејзините повици, што јавно го соопштила. Набргу потоа Маск објави порака со зборот „упс“, на што Ешли одговори.

Во нејзиниот одговор на Х, Ешли го обвини Маск дека коментирал на платформата за нејзините фотографии од адолесценцијата, кои биле објавени на интернет кога била малолетна.

„Кога ќе и’ одговорите на личноста која објавила фотографии од мене во долна облека на 15 години”, му напишала на Маск.

Набргу по овие објави, Ешли ја избриша својата објава, но целата ситуација и понатаму предизвикува големо внимание и шпекулации кај јавноста.

Ве потсетуваме, Св. Клер неодамна објави дека се породила пред пет месеци и дека планирала се да држи во тајност, но била принудена да ја објави веста поради таблоидите. Таа тврди дека се запознале на Х и дека тој инсистирал таа да не открива дека е бремена.

18.02.2025 - 22:00

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега