Илија Димовски: Најопасното тврдење на Заев е дека со Бугарија имаме заедничка историја

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски вели дека најопасно тврдење на премиерот Зоран Заев во интервјуто за агенцијата БГНес е оти со Бугарија имаме заедничка историја.

Појаснува оти тоа значи дека сме еден народ кој живее во две држави, како што се Албанија и Косово или Германија и Австрија.

Тој изнесе 20 примери зошто ова тврдење е најштетно од целото интервју.

2. Дека говориме ист јазик.

3. Дека нема посебен и засебен историско-идентитетски и културолошки развој и растење на македонскиот народ.

4. Дека терминот Македонец има само регионално значење (како и во Грција).

5. Терминот македонско/македонски/македонска ќе има регионално географско значење (како и во Грција).

6. Географски терминот Македонија во бугарскиот светоглед ќе е на рамно со Мизија и Тракија.

7. Со овој потег, во моментот, се откажуваме од било какво прашање за малцинство во Бугарија.

8. Ги фрламе во вода пресудите на меѓународните судови за прашањата на организираноста на македонското малцинство

во Бугарија.

9. Целиот македонски фолклор добива бугарски наслов.

10. На тој начин се откажуваме од национал-ослободителниот карактер на партизанското движење и АСНОМ (и го сведуваме на идеолошки конфликт помеѓу комунисти и националисти).

11. Се откажуваме (како да не постоеле) од Мисирков, Пулевски, Рацин, Неделковски, Шопов, Кепески, Конески, Шоптрајанов,...

12. Докажуваме дека партизаните згрешиле што станале на востание против свои сонародници (ќе дојде време да треба ние да се извиниеме, на некое од следните поглавја).

13. Се откажуваме од засебноста и посебноста во својата борба на ВМРО, од Делчев, Груев, Сарафов, Сандански,...

14. Ќе докажеме дека во Грција (егејска Македонија) нема и никогаш немало македонско население. Тие што се таму или биле се Бугари, а прашањето со Бугарија и "бугарското население" во Грција е решено со Нејскиот договор (вие чудете се зошто Грција ја поддржува Бугарија лажејќи ја нашата Влада дека ќе не поддржи).

15. Илинденското востание би признале дека е бугарско востание.

16. Охридската православна црква како автокефална црква, пред нејзиното укинување, би прифатиле дека е црква на Бугарите.

17. Внесувањето на географската одредница "северна" во името на државата Република Македонија би имало оправданост, бидејќи терминот Македонија и македонски/македонско би го изгубиле национал-идентитетското значење и би добиле, повторувам, само географско значење.

18. Културолошкиот македонски културен и идентитетски пакет од моментот на ова прифаќање станува бугарски, а терминот македонски останува само со хеленистичко културно значење (Преспа, Преспа, Преспа,...)

19. Би прифатиле дека сме живееле 75 години во бунило и незнаење, сме биле пијани, дрогирани и луди, и ние и нашите татковци и дедовци, кога сме тврделе и тврдиме дека сме Македонци, а не Бугари.

20. Песната "Народе Македонски" можеме да ја фрлиме и закопаме во новите мочуришта околу езерото што исчезнува, Преспа.

Порача дека Тито и комунистите се провокација од страна на Бугарија.

Што е најопасно во оваа епизода со Бугарија? 20 национални катастрофи (најмалку) Дали е тоа спорот за Гоце...

Posted by Илија Димовски on Friday, 27 November 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега