Игротека од Неготино секој месец бесплатно ќе организира по еден роденден за дете од социјално загрозено семејство

 

Игротека од Неготино секој месец бесплатно ќе организира по еден роденден за дете од социјално загрозено семејство. Од игротеката денеска објавија на социјалната мрежа „Фејсбук“, дека оваа година решиле да ја започнат малку поинаку. Си задале нови цели за постигнување.

– Една од нив е хуманоста, која ја ставивме на прво место. Апелираме до сите социјално загрозени семејства, до децата на кои родителите им се без вработување, да се пријават и закажат роденден, што ќе го прославиме без никаков надомест, информираат од игротеката.

– Секој месец, почнувајќи од јануари па до крајот на годината, ќе организираат роденденска прослава за по едно детенце, без никаков трошок од страна на родителите.

– Апелираме и до наставниците од основните училишта, доколку знаат и имаат информација, да контактираат со нас. Со многу љубов и почит од нашиот мал, но голем тим на игротека Дримленд-Еми! За каква било друга хуманитарна акција ве молам да контактирате со нас!, се вели во нивната објава на интернет. 

26.01.2023 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега