Хорор вечерва во Македонија: Татко си го убил сопствениот син
Татко си го убил сопствениот синот вечерва во Тетово, објавија повеќе локални медиуми.
Според нив, се работи за македонско семејство кое живеело во населбата Блок 70.
Според првите информации се работи за семејна тепачка која завршила со убиство, таткото го убил синот.
Како што дознаваат медиумите, таткото во тешка психолошка состојба е пренесен во тетовската болница.
02.01.2025 - 20:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа