Хаос во Штип: Полицајците фатија пијани возачи, а имало и такви кои возеле без дозвола
На 29.10.2023 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.
„За време на контролата биле констатирани 35 прекршоци од кои 14 надвор од населено место и 21 во населено место. На 28/29.10. во времето од 23.00 до 05.00 часот била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 12 прекршоци. Санкционирани биле и 19 други видови на прекршоци, од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 6 за некористење сигурносен појас, 1 за неносење заштитна кацига, 1 за непрописно паркирање и 1 за непрописно вградени заштитни фолии“, соопшти полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа