Хамас: Нема да ги ослободиме заложниците додека Газа не добие лекови и гориво
Претставник на Хамас денеска изјави дека исламистичката група нема да ослободи повеќе заложници доколку не се дозволи испорака на медицински материјали и гориво во Појасот Газа.
Во петокот Хамас со посредство на Катар ослободи двајца заложници кои се американски државјани. Исламистичката група држи над 220 заложници, вклучувајќи бебиња и мали деца.
„Од хуманитарни причини, безусловно ослободивме четири лица, но ако некој побара дополнително ослободување на заложниците, мораме да побараме од меѓународната заедница да изврши поголем притисок врз Израел и да го отвори преминот Рафах за да може медицинските материјали и горивото да влезат во Газа“, рече Осама Хамдан., член на политбирото на Хамас и претставник во Либан.
Хамдан, близок до преговорите за заложници, истакнува дека Палестинците имаат основно право на болничко лекување доколку се изложени на секојдневни израелски воздушни напади.
„Неопходно е Израел да престане да го бомбардира нашиот народ за да обезбеди ослободување на киднапираните луѓе“, рече Хамдан.
Најмалку 222 лица беа киднапирани во нападот на исламистичкиот Хамас на 7 октомври врз населби и музички фестивал во јужен Израел. На тој ден, Хамас уби над 1.400 Израелци и граѓани на неколку други земји, од кои речиси сите беа цивили.
Според Министерството за здравство контролирано од Хамас, повеќе од 5.000 луѓе загинале во одмазднички израелски воздушни напади во Газа. Бројките, според агенцијата ДПА, не може да бидат независно потврдени.
Хамас е на листата на терористички организации на ЕУ и САД.
Израел се повлече од Појасот Газа во 2005 година, Хамас во 2007 година ја презеде целосната контрола врз палестинската енклава од меѓународно признатата палестинска управа во која доминира ривалското движење Фатах.
Во својата повелба Хамас го наведува уништувањето и исчезнувањето на државата Израел како своја цел.
Од нападот на Израел на 7 октомври, енклавата е под целосна израелска блокада, а помошта пристигнува само со камиони преку граничниот премин Рафа со Египет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа