ФОТО: Дете (3) играло врз закопаниот татко - Ужасно убиство во регионот

 

34-годишна српска државјанка чиј идентитет не е откриен, е уапсена во Грција, во Лептокарија, под сомнение дека го убила својот сопруг, 58-годишниот Костас Симитрас, и телото го закопала во дворот на семејната куќа.

Во текот на петте месеци колку што траеше потрагата по Костас Сијамитрас, неговата сопруга се огласуваше во медиумите и се појавуваше во емисии.

– Рече дека и недостига Костас, дека куќата е празна, дури рече дека е очајна, моли за помош бидејќи „нивниот син постојано го бара својот татко“. Таа изнесе теории дека можеби нејзиниот сопруг се разболел бидејќи имал проблеми со дишењето, дека можеби колабирал и дека никој не му помогнал. Таа дури рече: „Се плашам дека е болен. Никогаш не би повредил никого. Никогаш не би отишол никаде сам, бидејќи не можел да поднесе долго да се раздели од нашиот син“, пишуваат грчките медиуми, меѓутоа, додека таа ја играла улогата на загрижена сопруга, истражителите ги испрашувале сведоците, меѓу кои и нивниот тригодишен син, и собирале докази. Кога ги составиле парчињата, ја уапсиле Србинката.

Семејството на жртвата смета дека сопругата не можела сама да го изврши делото, туку имала соучесник.

Братот на Костас изјавил дека тој и неговата сопруга постојано се расправале и дека таа сигурно имала соучесник, зошто според него, жена не може да ископа толку голема дупка во дворот и да го закопа.

- Вистина е, постојано се расправаа...изјавил тој.

И адвокатот на семејството за грчките медиуми изјавил дека според него сопругата имала некој кој и помагал: - Сигурен сум дека постои соучесник. Ниедна жена не може да направи толкава дупка сама, рекол адвокатот.

Семејството на жртвата не може да верува дека го барале очајно шест месеци, без да знаат дека телото е закопано во дворот на семејната куќа и одат преку него.

- Голем шок е ова за нас, сите бевме во дворот, се шетавме, го баравме. Газевме преку него. На тоа место си играше и неговото 3-годишно синче, вели братот на жртвата.

34-годишната уапсена и осомничена жена во моментот на убиството била бремена.

- Не може сама и бремена да пренесе тело 25 метри и да ископа дупка. Има многу нерамнини и препреки во дворот, сигурно имала помош, рекол и таткото на Костас за грчките медиуми.

Според грчките медиуми, детето си играло на местото каде е закопан Костас и неколку пати рекло "тато, тато", покажувајќи на тоа место, па се смета дека со свои очи го видело хоророт, кога неговиот татко бил убиен и закопан.

Злочинот се открил со мобилниот телефон на Костас, откако полицијата увидела дека последната трага доаѓа од семејната куќа.

Исчезнувањето на несреќниот маж било пријавено на 2 Септември, 2024. 

 

12.02.2025 - 08:19

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега