Граѓаните се организираат: Ќе им го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гробот на Гоце Делчев
На социјалните мрежи се појави повик до граѓаните на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово - Скопје со цел да се запрат бугарските граѓани кои сакаат да дојдат во Скопје за да поклонат пред гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
Синоќа бугарска фондација објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари сакаат да пристигнат во Скопје.
- Повик до сите родољуби. Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев, пишува во повикот на македонските граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа