Град Скопје конечно назначи портпарол
Град Скопје конечно доби нов портпарол. Оваа информација ја соопштија преку писмено соопштение испратено медиумите. Новиот одговорен за односи со јавноста е Кристина Депо, експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии.
„Град Скопје ви благодари на безрезервната поддршка и досегашната соработка, во насока на подобрување на комуникацијата на Градот со јавноста, зголемена транспарентност и достапност до граѓаните. Ве известуваме дека од денес, лице одговорно за Односи со јавност од страна на Градот Скопје е Кристина Депо, експерт за односи со јавност, економски развој, продажба, маркетинг и финансии. Нејзиното докажано работно искуство во областа на приватниот сектор, медицината, прехранбената индустрија, информатичките технологии и телекомуникации, енергетиката и банкарството. Ве молиме за сите прашања, поврзани со интервјуа, дебати, изјави, настани и останато поврзано со Град Скопје да го контактирате Одделението за односи со јавност.
Наша единствена цел е да ви овозможиме сите информации кои произлегуваат од надлежностите на Град Скопје да ги добивате навремено и транспарентно, а со тоа граѓаните бидат соодветно информирани за активностите на Градот“, стои во соопштението на Град Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа