Големи полави во Кан - Метеоролозите не го предвиделе невремето, училиштата се затворени


Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во францускиот град Кан, но нема повредени.

Обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, а водата влезе во подруми, гаражи и продавници, а затворени се и сите училишта во градот, јавува БФМТВ.

Градоначалникот на Кан, Дејвид Линар изјави дека нема предупредување ниту од префектурата, ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвидоа вчерашното невреме.

 

Тој објави на Фејсбук дека службите на градот Кан добиле предупредување од државата „еден час по невремето“.

Линар потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесе Ројтерс.

24.09.2024 - 09:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега