Г.Г Стефан: Имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од предците, да го продолжиме

 

Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, истакнува дека со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

„Во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а аособено на жените и децата“, се истакнува во информацијата.

Поради тоа, како што појаснуваат, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, на 29.06.2023 година. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

26.06.2023 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега