Герасимовски: Со една конфискација секој кој се дрзнал да гради дивоградби ќе се помисли
„Ако може да се градат дивоградба во централното градско подрачје кое е секогаш е лупа од граѓаните и новинарите може да замислите што се случува во другите општини“, рече Горан Герасимовски градоначалник во Општина Центар во вчерашната емисија Трилинг на Телевизија 24 вести. Герасимовски зборуваше за предлог Иницијативата за конфискација на нелегално изградените објекти напоменувајќи дека целта на нејзиното носење е да се конфискуваат објекти коишто се изградени на државно земјиште или зелен појас каде што има непознати сторители.
„Луѓето се дрзнуваат на се, со еден добар пример и една конфискација мислам дека секој којшто досега правел дивоградби и се дрзнал да изгради на диво одреден објект мислам дека ќе размисли неколку пати дали да отпочне пак да гради“, рече Герасимовски на Телевизија 24.
Во општина Центар рече Герасимовски има дивоизградени објекти и на државно земјиште и во зелена зона. За онеспособување на два такви поголеми објекти сумите се енормно високи, а за целосно отстранување на урнатините уште три пати повеќе. Онеспособувањето пак оценува Герасимовски не е решение затоа што објектите најчесто стануваат засолништа за бездомници.
„Ние зборуваме само за да ја оневозможиме функционалноста на објектите за што се соочуваме
со големи трошоци за рушење, а тоа се околу 5,5 милиони за две згради да ги оневозможиме да
бидат функционални. Уште три пати повеќе ќе чини нивно целосно отстранување од парцелите.
Доколку само ги оневозможиме и ги оставиме истите се соочуваме со поголем проблем да во
истите се вселат бездомници кои прават дополнителни проблеми на населението во тој реон. Има
поголем број на кражби, се палат одредени предмети кои го загадуваат воздухот и слично и
поради тие причини и проблеми со кои се соочуваме бараме начин да и покрај рушењето да има
начини за конфискација на одредени вакви дивоградби“, вели Герасимовски.
Герасимовски вели дека идејата на општината е проблемот да се реши како околните земји преку
решавање на проблемот како во минатото односно со делумна конфискација. Сите оние средства
коишто се трошеле за конфискација, за оневозможување на дивоизградените објекти во некои
случаи истите да бидат конфискувани од страна на државата да бидат пренаменети за други
потреби односно да бидат или пензионерски домови или предадени за социјално загрозени
семејства итн.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа