Гаши и Спиропали ја зајакнуваат соработката за членство во ЕУ

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во Скопје се сретна со претседателката на Собранието на Република Албанија, г-ѓа Елиса Спиропали. 
 
 „Со г-ѓа Спиропали разговаравме за прашањата поврзани со членството на нашите две земји во Европската Унија, пат што го поминавме заедно и имаме многу предизвици пред нас. 
 
 На г-ѓа Спиропали и ја изразив мојата загриженост во врска со меѓуетничките односи во Северна Македонија, како и за нарушувањето на легитимитетот што произлегува од волјата на народот демократски изразена преку слободно гласање. 
 
 Исто така, разговаравме и за потребата од проверка со меѓународен надзор, споделувајќи конкретни искуства со Албанија во оваа многу важна сфера. Албанија и Северна Македонија, како две сојузнички земји, мора заедно да го продолжат својот пат кон интеграција во Европската унија“. изјави Ахмети по средбата со Елиса Спиропали.
23.09.2024 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега