Фрчеа казни на сите страни: Полицијата изрече 709 санкции за брзо возење

 

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера имаше засилена акција за санкционирање на возилата кои се движат со брзина поголема од дозволената.

 

Од МВР информираат дека се казнети 709 возачи, аод нив 69 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 366 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 343 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштија од МВР.

 

 

27.06.2022 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега