(ФОТО) Зоолошка се збогува со негувателот Ристе и жирафата Флопи: Ова е голема трагедија и шок за сите нас

 

Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО откако ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоонегувател Ристе Трајковски, велат од Зоолошка градина Скопје.

„За уште поголема трагедија, околу 16 часот го загубивме и нашиот Флопи- една од трите жирафи за кои се грижеше Ристе. Вработените дадоа се од себе да го спасат, но и покрај сите максимални напори, Флопи замина на небото заедно со нашиот Ристе“, напишаа од Зоолошка градина Скопје на фејзбук.

28.11.2023 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега