(ФОТО) ВМРО-ДПМНЕ: И СДСМ го третира Ковачевски како трајно неспособен, му напишале во загради како да мавта со рацете

„И неговата сопствена СДС го третира својот лидер Ковачевски за трајно неспособен, му напишале реакција и во загради како да мавта со рацете“. Ова го велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до медиумите, испраќајки слика во која се забележува дека во загради е потенцирано како премиерот да постапи додека одговара на пратеничките прашања во Собранието.

„На седница прочита говор каде има загради и насоки како да се однесува за време на говорот, а потоа центарот за лаги на СДС го испрати до медиуми.

 

Ова е најголем доказ дека дезертерот Ковачевски и во својата партија го сметаат за неспособен. А, неговата нервоза кажува дека Ковачевски губи контрола и грубо навредува“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 
29.09.2022 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега