(ФОТО) Среќни вести: По четири години во скопската Зоолошка градина се роди бебе белоглав мршојадец

 

После четири години имаме и бебе белоглав мршојадец што особено не радува бидејќи овој вид е загрозен, информираше преку Фејсбук објава на официјалната страница на скопската Зоолошка градина.

Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.
Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.

– Мило ни е што и во минатато и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување, велат од скопската Зоолошка градина.

 

09.06.2022 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега