Детето кое падна од зграда има сериозни проблеми но не е во животна опасност

 

Детето е во стабилна состојба, но има повреди на повеќе системи, почнувајќи од главата, има повреди на ребрата и на внатрешните органи. Направени се дополнителни иследувања. Детето дише самостојно, со кислородна поддршка и без механичка вентилација. Не е потребен оперативен зафат засега, изјави за Телма во телефонски разговор, д-р Лазо Јавчески, в.д. директор на Клиниката за Детска хирургија.

Младиот пациен,т кој вчера попладне падна од зграда во Кисела Вода, е во одделот за интензивно негување.

04.12.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега