(ФОТО) Паднаа тројца криумчари - во автомобилите превезувале мигранти
Вчера околу 20:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север во БЈБ ги лишиле од слобода А.Р.(26) од с.Студеничани, скопско, Б.Б.(26) од Радовиш и А.Ш.(31) од Радовиш.
Имено, во 19.45 часот на автопатот Куманово - Табановце, кај Костурник, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Б., а сопатник бил А.Ш., и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С., во кои биле превезувани мигранти. Возилата не застанале на даден знак за запирање и продолжиле движење, но набргу била запрени и во нив биле пронајдени осум лица мигранти од Египет.
Мигрантите биле пренесени во Транзитен центар Табановце, а по преземени било утврдено дека за А.С. има распишано три потерници и тој со другите две лица биле предадени во Полициската станица Куманово за понатамошна постапка.
По целосно расчистување и документирање на случајот, од страна на ОПКМСР при РЦ за ГР Север ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа