(ФОТО) Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид, присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија.
-Во Соборниот храм на охридските архиепископи „Света Софија“ во Охрид денеска беше извршена епископска хиротонија на архимандритот Георгиј и негово устоличување на тронот на Дебарско-кичевската епархија. Со овој чин, г. Георгиј и официјално станува митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Верувам дека со сите сили и знаења ќе служи на нашата црква. Достоен е! На многаја лета, објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук профил.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа